За Нас

Нашата главна цел во работењето се задоволни клиенти.

Геохидроконсалтинг е компанија специјализирана за геолошки, хидрогеолошки, геотехнички и геомеханички истражувања и испитувања за проектирање и изградба на линиски инфраструктурни објекти како патишта, железнички пруги, гасоводи, нафтоводи, далеководи како и деловни и станбени објекти, со изработка на елаборати, проекти и студии, и истражувања за минерални суровини. Дејноста на компанијата опфаќа и вршење на геолошки и геотехнички надзор во фаза на истражување и изградба на различни објекти. Исто така компанијата изработува проектни решенија за геотехнички објекти. Се изработуваат Хидрогеолошки Елаборат, Еколошки Елаборат и Основен Проект за бунари за снабдување со техничка вода на Индустриски објекти за добивање дозвола за користење на подземна вода. Освен тоа се врши ревизија на техничка документација.


Компанијата располага со високо стручен инженерски кадар со големо домашно и меѓународно искуство, со стекнато образование во врвни образовни институции како:

На многу значајни инфраструктурни и други проекти ГХК соработува со други домашни и интернационални фирми меѓу кое се:

Геохидроконсалтинг располага со сопствена механизација и опрема за теренски истражувања и испитувања како што се дупчалки, теренски возила, опрема за изведување на опити за водопропусност, статичка и динамичка плоча, преса за испитување на индекс на јакост на карпести примероци, како и останата опрема за теренски испитувања. Освен тоа нашата компанија соработува со акредитирана Лабораторија за Геотехнички испитувања во рамките на Катедрата за Геотехника на Градежен Факултет – Скопје.


Геохидроконсалтинг е член на повеќе организации и друштва како:

Геохидроконсалтинг ги поседува сертификатите ISO 9001, 14001 и 18001 како потврда за квалитет при вршење на работа, грижа за животната средина како и заштита при работа. Компанијата Геохидроконсалтинг има цел да ги извршува своите проекти квалитетно, професионално и навремено за зачувување на довербата на нашите клиенти и партнери и одржување долгогодишна соработка. Ние се грижиме за постојан развој и надоградување на нашиот тим. Вработените во Геохидроконсалтинг постојано следат повикани предавања на врвни експерти од областа на градежништвото, учествуваат на македонски и меѓународни конференции и симпозиуми меѓу кои и на Симпозиум за Геотехника во Македонија, Симпозиум за рударство и геологија во Македонија, Европска конференција за млади геотехнички инженери, вршат стручни посети на објекти како Посета на Големи Брани во Словачка, Посета на Големи Брани во Романија и Посета на Големи Брани во Италија.