Новости

Тимот на Геохидроконсалтинг присуствуваше и учествуваше со труд на Вториот Македонски Конгрес за Патишта во периодот 3-4 ноември 2022. На овој настан имаше можност за размена на искуства, знаење и идеи од различни аспекти и фази од изградбата на патишта.

Patista PatistaS

На 1 ноември 2022 Комората на овластени архитекти и овластени инженери и нејзиното одделението за геотехника организираше стручнo предавање на тема „Стабилизација на косини и контрола на ерозија за одржлива геотехника" на која тимот на Геохидроконсалтинг имаше можност да следи предавања од реномирани странски и домашни предавачи како Проф. д-р Слободан Мицковски на тема "Природно-базирани методи за санација на еродирани косини", д-р Алехандро Ољаури на тема "ГИС алатка за предупредување на ерозија и плитки свлечишта" и Проф. д-р Јосиф Јосифовски на тема "Стабилизација на површинска ерозија кај косини со примена на полимерни средства и вегетација".

Erozija

Нашите геолози земаа учество во настанот за рударство ПОДЕКС-ПОВЕКС, што се одржа во Охрид, во периодот 14-16 октомври 2022, како и на Втората конференција за хидројаловишта која се одржа во периодот 20-21 октомври 2022 во Штип.

PPL HJL

Бидејќи подржуваме континуирано учество на меѓународни настани, наш претставник зема учество во Eurock 2022 во периодот 12-15 септември во Хелсинки, Финска, на кој имаше можност да размени знаење на различни теми од Механика на Карпи и Пукнатини во Инженерство во Карпи и Рударство.

Eurock2022

Во периодот 23-25 јуни 2022 во Охрид се реализираше Петтиот симпозиум на Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ) на кој учествуваа инженерите од Геохидроконсалтинг со повеќе трудови за кои одржаа усни и постер презентации. Настанот беше поддржан од страна на Меѓународното друштво за механика на карпи и инженерство во карпи (ISRM) и се спроведе во форма на Специјализирана конференција на ISRM. Во рамки на симпозиумот Геохидроконсалтинг доби признание за заложба за унапредувањето на геотехниката во државата во изминатиот период.

SimpoGHK SimpoE SimpoN SimpoV SimpoP

Во периодот 27-29 април 2022 во Белград се организираше курс на тема Геомеханичко Моделирање со Rocscience, на кој учествуваа два претставника на Геохидроконсалтинг и имаа можност да слушнат за најновите модули и алатки за програмите од Rocscience.

Rocscience

Бидејќи 5тиот Регионален Симпозиум за Свлечишта во Јадранско-Балканскиот Регион беше организиран хибридно за теми поврзани со Моделирање на свлечишта и примена, претставник од Геохидроконсалтинг зема онлајн учество со труд.

Resilab

На настанот "Геотехнички аспекти во градежништвото" учествуваше наш претставник во периодот 3-5 ноември 2021 во Врњачка Бања, Р. Србија, на кој беше можно да се размени искуство од праксата со колеги од регионот, но исто така да се слушне за најновите истражувања во регионот.

И покрај многубројните откажани и одложени стручни собири, професионалниот придонес го продолжуваме online (EUROCK 2021). Трудот е достапен на https://iopscience.iop.org/article/10.1088/1755-1315/833/1/012062/pdf

GHKEurock

Учеството на Скопскиот Маратон за нас претставува дружба меѓу колегите, но и дружба со семејствата, истовремено поттикнувајќи ги здравите спортски навики. Скопски Маратон 2019.

GHKMaraton

Како активни членови на Друштвото за Геотехника на Македонија (ДГМ) ги подржуваме стручните настани, па така бевме вклучени и во организација на DECGE2018. Секако на оваа конференција учествувавме и со стручен труд.

GHKDECGE

Учеството на трката од 5км на Скопскиот Маратон 2018.

GHKMaraton

Претставници на Геохидроконсалтинг презентираа реферати на
Sedmo Međunarodno Naučno-Stručno Savetovanje, Geotehnički Aspekti Građevinarstva во Шабац, Србија 14-17 ноември 2017.

GHKShabac

Претставници учествуваа на работилница на тема "Својства на карпи и нивната улога во карактеризација на карпите, моделирање и проектирање", одржана од Проф. REŞAT ULUSAY, претседател на ISRM, организирана на ZAG, Љубљана.

GHKulusaj

Претставник на Геохидроконсалтинг презентираше реферат на 6th International Young Geotechnical Engineers’ Conference (iYGEC6) (16 – 17 септември, 2017) и учествуваше на International Conference on Soil Mechanics and Geotechnical Engineering (18 – 21 септември, 2017) во Сеул, Јужна Кореа.

GHKSeul

Претставници на Геохидроконсалтинг учествуваа во Стручна Посета на Големи Брани во Италија во периодот од 8 мај до 14 мај 2015, организирана од здружението Македонски Комитет за Големи Брани. Со оваа посета инженерите имаа можност да стекнат знаење за условите за градбата, експлоатација и мониторинг на браните во Италија. Во насока на негување и зацврстување на тимскиот дух, вработените на ГХК земаа учество на 5км - трката за рекреативци на Скопски Маратон 2017. По успешно завршување на истата, следуваше заедничко дружење и релаксација.

maraton2017-1 maraton2017-2