Новости

Италијанската и Меѓународната асоцијација за земјотресно инженерство ја организираа 18-та Светска конференција за земјотресно инженерство (WCEE2024) во Милано, Италија, од 30-ти јуни до 5-ти јули 2024 година. Претставник на Геохидроконсалтинг учествуваше на настанот со презентација на тема Ефект на летечка пепел врз динамичкото однесување на мешавина од песок и пепел.

wcee1wcee2

Друштвото за Геотехника на Македонија (ДГМ) беше домаќин на 28-та Европска конференција за млади геотехнички инженери(EYGEC 2024) од 25 до 29 јуни 2024 година во Демир Капија, Македонија. Овој настан привлече учество од 47 млади геотехнички инженери кои претставуваа 24 земји низ Европа и пошироко. Геохидроконсалтинг го поддржа овој настан и неговите млади инженери учествуваа на конференцијата со презентација како и во организацијата. EYGEC 2024 беше сеопфатно и збогатувачко искуство за младите геотехнички инженери, комбинирајќи академско учење со практични сознанија и социјални интеракции.

eygec2eygec1Eygec3

Во рамките на годишните активности т.н. „Геотехнички деноови во КОИА" на 24 Јуни 2024 година во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одржа стручно предавање во организација на одделението за геотехника и Друштвото за геотехника на Македонија со наслов „Одржливи земјени работи и стабилизација на почвата со иновативна геосинтетика и геосистеми".

На 15-18.05.2024 во Белград, Србија, се одржа 6ти Регионален Симпозиум за Свлечишта во Јадранксо-Балкански регион (6th ReSyLAB – Regional Symposium on Landslides in the Adriatic-Balkan Region). Претставник од Геохидроконсалтинг учествуваше на Сипозиумот со трудови, кои го третираат проблемот со свлечиштата во Македонија.
Трудот презентиран како постер презентација, ја доби наградата: Најдобар постер.  

resylabresylab 2

Во рамките на „Геотехнички денови 2024 на Комората“ во организација на Одделението за геотехника, на 16 мај 2024 година, во Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржa стручно предавање на тема „Искуства истратегии за справување со нестабилности кај косините и појавата на свлечишта“.


Осмата меѓународна конференција за геотехничко инженерство за земјотреси(8ICEGE) се одржа на 7-10 мај 2024 во Осака, Јапонија, обезбедувајќи им на учесниците големи можности да се сретнат и разговараат едни со други. Истотака, беа посетени технички интересни локации во и околу Осака, меѓу кои и комплексот за тестирање E-defense/E-isolation. Северна Македонија беше избрана за ко-домаќин за организацијата на 9ICEGE што ќе се одржи во 2029година во Хрватска.

iceage1iceage2

Еден од нашите инженери учествуваше на курс, организиран од EPFL (Швајцарски федерален институт затехнологија Лозана) на 6-8 ноември 2023, фокусиран на анализа и дизајн на енергетски геоструктури од енергетски, геотехнички и конструктивни перспективи. Ги опфати набљудуваните перформанси, термохидромеханичкото однесување и примената на енергетските геоструктури преку примери на проекти. Курсот имаше за цел да ги обучи професионалците и научниците со знаење за перформансите и развојот на енергетските гео-објекти кои користат обновливи извори на енергија за поддршка на инфраструктурата со низок јаглерод.

epfl1epfl2epfl3

Во Астана, Казахстан, од 14 до 17 август 2023 година беше организирана 17-та Азиска регионална конференција за механика на почва и геотехничко инженерство. Главната тема на конференцијата беше Паметна геотехника за паметни општества иопфаќаше различни типови на теми. На него присуствуваа значителен број луѓе, така што беше овозможено поврзување со нови геотехнички професионалци, како изапознавање со престижни професори, истражувачи, како и колеги инженери. Вмрежувањето помеѓу сесиите придонесе за размена на искуства и знаења, како и идеи за можен развој на истражувачки проекти со експерти од други земји. Претставници на Геохидроконсалтинг учествуваа на конференцијата со презентирање на технички труд, воспоставување контакт со компании за теренска опрема како и потпишување на Меморандум за соработка во името на Македонската асоцијација за геотехника. Повеќе детали за конференцијата можете да најдете на следниот линк

arc1arc3
arc2arc4arc5

Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ) редовно организира посета на брани. Истата се реализираше во период 23-26.04.2023 во јужниот дел на Грција. Во продолжение се прикажани впечатоците од нашите претставници низ повеќе слики.

macold_1macold_2macold_3macold_4macold_5macold_6macold_7macold_8macold_9

Тимот на Геохидроконсалтинг присуствуваше и учествуваше со труд на Вториот Македонски Конгрес за Патишта во периодот 3-4 ноември 2022. На овој настан имаше можност за размена на искуства, знаење и идеи од различни аспекти и фази од изградбата на патишта.

Patishta
PatishtaS

На 1 ноември 2022 Комората на овластени архитекти и овластени инженери и нејзиното одделението за геотехника организираше стручнo предавање на тема „Стабилизација на косини и контрола на ерозија за одржлива геотехника" на која тимот на Геохидроконсалтинг имаше можност да следи предавања од реномирани странски и домашни предавачи како Проф. д-р Слободан Мицковски на тема "Природно-базирани методи за санација на еродирани косини", д-р Алехандро Ољаури на тема "ГИС алатка за предупредување на ерозија и плитки свлечишта" и Проф. д-р Јосиф Јосифовски на тема "Стабилизација на површинска ерозија кај косини со примена на полимерни средства и вегетација".

ErozijaS

Нашите геолози земаа учество во настанот за рударство ПОДЕКС-ПОВЕКС, што се одржа во Охрид, во периодот 14-16 октомври 2022, како и на Втората конференција за хидројаловишта која се одржа во периодот 20-21 октомври 2022 во Штип.

PPLHJL

Бидејќи подржуваме континуирано учество на меѓународни настани, наш претставник зема учество во Eurock 2022 во периодот 12-15 септември во Хелсинки, Финска, на кој имаше можност да размени знаење на различни теми од Механика на Карпи и Пукнатини во Инженерство во Карпи и Рударство.

Eurock2022

Во периодот 23-25 јуни 2022 во Охрид се реализираше Петтиот симпозиум на Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ) на кој учествуваа инженерите од Геохидроконсалтинг со повеќе трудови за кои одржаа усни и постер презентации. Настанот беше поддржан од страна на Меѓународното друштво за механика на карпи и инженерство во карпи (ISRM) и се спроведе во форма на Специјализирана конференција на ISRM. Во рамки на симпозиумот Геохидроконсалтинг доби признание за заложба за унапредувањето на геотехниката во државата во изминатиот период.

SimpoESimpoGHK
SimpoNSimpoVSimpoP

Во периодот 27-29 април 2022 во Белград се организираше курс на тема Геомеханичко Моделирање со Rocscience, на кој учествуваа два претставника на Геохидроконсалтинг и имаа можност да слушнат за најновите модули и алатки за програмите од Rocscience.

Rocscience

Бидејќи 5тиот Регионален Симпозиум за Свлечишта во Јадранско-Балканскиот Регион беше организиран хибридно за теми поврзани со Моделирање на свлечишта и примена, претставник од Геохидроконсалтинг зема онлајн учество со труд.

resilab

На настанот "Геотехнички аспекти во градежништвото" учествуваше наш претставник во периодот 3-5 ноември 2021 во Врњачка Бања, Р. Србија, на кој беше можно да се размени искуство од праксата со колеги од регионот, но исто така да се слушне за најновите истражувања во регионот.

И покрај многубројните откажани и одложени стручни собири, професионалниот придонес го продолжуваме online (EUROCK 2021). Трудот е достапен на следниот линк

eurock

Учеството на Скопскиот Маратон за нас претставува дружба меѓу колегите, но и дружба со семејствата, истовремено поттикнувајќи ги здравите спортски навики. Скопски Маратон 2019.

3maraton 2019

Како активни членови на Друштвото за Геотехника на Македонија (ДГМ) ги подржуваме стручните настани, па така бевме вклучени и во организација на DECGE2018. Секако на оваа конференција учествувавме и со стручен труд.

DECGE2018

Учеството на трката од 5км на Скопскиот Маратон 2018.

4 maraton 2018

Претставници на Геохидроконсалтинг презентираа реферати наSedmo Međunarodno Naučno-Stručno Savetovanje, Geotehnički Aspekti Građevinarstva во Шабац, Србија 14-17 ноември 2017.

novost Shabac

Претставници учествуваа на работилница на тема "Својства на карпи и нивната улога во карактеризација на карпите, моделирање и проектирање", одржана од Проф. REŞAT ULUSAY, претседател на ISRM, организирана на ZAG, Љубљана.

ulusaj

Претставник на Геохидроконсалтинг презентираше реферат на 6th International Young Geotechnical Engineers’ Conference (iYGEC6) (16 – 17 септември, 2017) и учествуваше на International Conference on Soil Mechanics and Geotechnical Engineering (18 – 21 септември, 2017) во Сеул, Јужна Кореа.

Seul

Претставници на Геохидроконсалтинг учествуваа во Стручна Посета на Големи Брани во Италија во периодот од 8 мај до 14 мај 2015, организирана од здружението Македонски Комитет за Големи Брани. Со оваа посета инженерите имаа можност да стекнат знаење за условите за градбата, експлоатација и мониторинг на браните во Италија. Во насока на негување и зацврстување на тимскиот дух, вработените на ГХК земаа учество на 5км - трката за рекреативци на Скопски Маратон 2017. По успешно завршување на истата, следуваше заедничко дружење и релаксација.

1 maraton 20172 maraton 2017

2018 © ГЕОХИДРОКОНСАЛТИНГ