ГЕОХИДРОКОНСАЛТИНГ

специјализирана компанија за геолошки, хидрогеолошки и геотехнички истражувања и испитувања, препознатлива по својот квалитет и професионализам.

НОВОСТИ

3rd Road Congress

НОВОСТИ

Дел од тимот на Геохидроконсалтинг присуствуваше на Третиот Македонски Конгрес за Патишта кој се одржа во периодот 6-7 ноември во Скопје. Покрај постер презентацијата на нашиот објавен труд, имавме можност да размениме знаење и да се запознаеме со најновите достигнувања и проекти во областа на патната инфраструктура, како од Македонија, така и од странство.

Види Повеќе

ПРОЕКТИ

Геохидроконсалтинг има учествувано на многубројни проекти, некои од нив се:

Геотехнички истражувања и испитувања за нови ветерници за проширување на Ветерен Парк Богданци

Подготовка на Проекти за Одлагалишта на Коридор 8 за автопат на делница Тетово – Гостивар и делница Гостивар – Букојчани

Геотехнички истражувања и испитувања за санација на косини на Делница 2 од автопат Кичево – Охрид

Сите Проекти

Алатка за класификација на почва

USCS класификација на почвa е стандардизиран метод заснован на инженерските својства и гранулометриски состав на почвата. USCS ги категоризира почвите во две главни групи: крупнозрни почви (како што се чакал и песок) и ситнозрни почви (како прашина и глина), секоја понатаму поделена во неколку подгрупи врз основа на нивните физички карактеристики. USCS класификацијата е од клучно значење во геотехничкото инженерство за проценка на однесувањето на почвата, димензионирање на соодветни темели и одредување на методите на изградба за да се обезбеди стабилност и функција на објекти изградени на или од почвени материјали. Оваа класификација на почви обезбедува систематска рамка која им помага на инженерите за геотехника и геолозите ефикасно да ги интерпретираат својствата на почвата за различна инженерска примена.

Кликнете подолу за да ја пробате нашата алатка за USCS класификација на почвата, развиена од Борче Ангелов и поврзете се со него на LinkedIn овде

USCS Алатка

КОНТАКТ

Друштво за геолошки, хидрогеолошки, инженерскогеолошки и геомеханички истражувања и испитувања

Ул. Манапо бр. 07
1000 Скопје, Р. Македонија
тел: +389 (02) 3070 330
e-mail : info@ghk.com.mk

2018 © ГЕОХИДРОКОНСАЛТИНГ