специјализирана компанија за геолошки, хидрогеолошки и геотехнички истражувања и испитувања, препознатлива по својот квалитет и професионализам.
Во периодот од 03-06.06.2026 година на Борско Језеро во близината на рударскиот град Бор успешно е одржан 19ти Конгрес на геолозите на Србија под мотото “Геологија до одржливи решенија”. Меѓу учесниците присутни беа и претставници на Геохидроконсалтинг, со труд на тема “Хидрохемиски тип на подземна и површинска вода на лежиште на антимон Крстов Дол – Општина Крива Паланка, Северна Македонија”. Овој настан претставуваше добра можност да се следат на презентации за научно-истражувачки теми од следните области: металични минерални суровини, хидрогеолошки истражувања...
Види ПовеќеUSCS класификација на почвa е стандардизиран метод заснован на инженерските својства и гранулометриски состав на почвата. USCS ги категоризира почвите во две главни групи: крупнозрни почви (како што се чакал и песок) и ситнозрни почви (како прашина и глина), секоја понатаму поделена во неколку подгрупи врз основа на нивните физички карактеристики. USCS класификацијата е од клучно значење во геотехничкото инженерство за проценка на однесувањето на почвата, димензионирање на соодветни темели и одредување на методите на изградба за да се обезбеди стабилност и функција на објекти изградени на или од почвени материјали. Оваа класификација на почви обезбедува систематска рамка која им помага на инженерите за геотехника и геолозите ефикасно да ги интерпретираат својствата на почвата за различна инженерска примена.
Кликнете подолу за да ја пробате нашата алатка за USCS класификација на почвата, развиена од Борче Ангелов и поврзете се со него на LinkedIn овде
USCS Алатка
Друштво за геолошки, хидрогеолошки, инженерскогеолошки и геомеханички истражувања и испитувања