ГЕОХИДРОКОНСАЛТИНГ

специјализирана компанија за геолошки, хидрогеолошки и геотехнички истражувања и испитувања, препознатлива по својот квалитет и професионализам.

НОВОСТИ

Geohydroconsulting group photo

НОВОСТИ

Крајот на 2025 година го одбележавме со посебно признание за колегите кои повеќе од една деценија се дел од тимот на Геохидроконсалтинг. Ова се професионалци кои со својата долгорочна посветеност оставиле значаен белег во развојот и успехот на компанијата. Тие се издвојуваат со високо ниво на стручност и длабинско знаење во својата област, креативен пристап кон решавање на предизвиците, целосна посветеност на доверените задачи и исклучително разбирање на значењето и одговорноста на својата работа.

Види Повеќе

ПРОЕКТИ

Геохидроконсалтинг има учествувано на многубројни проекти, некои од нив се:

Геотехнички истражувања и испитувања за нови ветерници за проширување на Ветерен Парк Богданци

Подготовка на Проекти за Одлагалишта на Коридор 8 за автопат на делница Тетово – Гостивар и делница Гостивар – Букојчани

Геотехнички истражувања и испитувања за санација на косини на Делница 2 од автопат Кичево – Охрид

Сите Проекти

Алатка за класификација на почва

USCS класификација на почвa е стандардизиран метод заснован на инженерските својства и гранулометриски состав на почвата. USCS ги категоризира почвите во две главни групи: крупнозрни почви (како што се чакал и песок) и ситнозрни почви (како прашина и глина), секоја понатаму поделена во неколку подгрупи врз основа на нивните физички карактеристики. USCS класификацијата е од клучно значење во геотехничкото инженерство за проценка на однесувањето на почвата, димензионирање на соодветни темели и одредување на методите на изградба за да се обезбеди стабилност и функција на објекти изградени на или од почвени материјали. Оваа класификација на почви обезбедува систематска рамка која им помага на инженерите за геотехника и геолозите ефикасно да ги интерпретираат својствата на почвата за различна инженерска примена.

Кликнете подолу за да ја пробате нашата алатка за USCS класификација на почвата, развиена од Борче Ангелов и поврзете се со него на LinkedIn овде

USCS Алатка

КОНТАКТ

Друштво за геолошки, хидрогеолошки, инженерскогеолошки и геомеханички истражувања и испитувања

Ул. Манапо бр. 07
1000 Скопје, Р. Македонија
тел: +389 (02) 3070 330
e-mail : info@ghk.com.mk

2018 © ГЕОХИДРОКОНСАЛТИНГ